Социјалдеморкатскиот сојуз поднесе четири тужби до Управниот суд, информираше денеска Петре Шилегов. СДСМ тврди дека има докази за нерегуларности на четири изборни места во шестата изборна единица.
Во спорните гласачки места, партијата бара да има прегласување. Ова пак, би можело да доведе до промена на прераспределбата на мандатите, бидејќи разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во оваа изборна единица е само 307 гласа.
Токму затоа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави дека и тие ќе поднесат тужби до Управниот суд со кои ќе бараат да нема прегласување. Доколку судот одлучи поинаку, Груевски рече дека тоа нема да го прифатат и нема да ги признаат тие резултати.
По ова, партијата БЕСА, од која ДИК прифати само еден приговор, одлучи да не се жали пред Управниот суд бидејќи не веруваат во неговата непристрасност и велат дека однапред ја знаат неговата одлука.