СДСМ победи во Лозово: Велковски останува на функцијата градоначалник!

by Fokus

Ацо Велковски од СДСМ се избори за втор мандат за градоначалник во Општина Лозово. Според резултатите од ДИК, тој освоил 23 гласа повеќе од својот противкандидат Бошко Цветковски од ВМРО ДПМНЕ, односно 373 лица гласале за Велковски, а пак 350 за Цветковски.

За време на својот прв мандат, тој често беше во центарот на јавноста, во два наврати поради обвинувања за мобинг од две жени, помеѓу кои и мајката на Цветковски, како и за време на наградна игра организирана од општината, во која наградата шпорет ја доби неговата ќерка. Тој веднаш излезе со соопштение дека се работи за чиста среќа и шпоретот го донирал, а пак за обвинувањата од жените, за ,,Фокус” раскажа дека се работи за политичка хајка против него.

Откри и дека пишува автобиографија, во која ќе раскаже за се низ што поминал во животот. Дали Велковски веќе започна да ја слави победата, нема информација на неговиот официјален профил. Тој не одговори ниту на нашите телефонски повици, со цел да дознаеме каква е атмосферата во Лозово.

Вики Клинчарова

Поврзани новости