„Денеска, јавноста беше сведок на масовно прекршување на забраната за групни собири во Струга. Стотици граѓани без заштитна опрема, без соодветна дистанца масовно се движеа низ Струга, а полицијата беше прусутна на настанот и воопшто не реагираше. Наместо предупредување, укажување и спречување на масовен собир во услови на опасна здравствена пандемија, полицијата иако присутна на настанот, не само што не реагираше, туку немо го следеше прекршувањето на забраната“, соопштија од СДСМ.
Од таму посочуваат дека Чулев се однесувал неодговорното и во Скопје на Денот на македонската полиција.
„Спротивно на препораките, злоупотребувајќи го Денот на полицијата, техничкиот министер Наќе Чулев организираше јавен собир, без запазување на мерките за заштита и го загрози здравјето и на присутните и на полицајците. Дополнително, на јавно објавени видеа јасно се гледаат соработници на Наќе Чулев кои се обидуваат да попречуваат новинари во вршење на својата работа и при тоа им се закануваат со физичка сила“, стои во соопштението на социјалдемократите.
Од владејачката партија истакнуваат дека Чулев се става во одбрана на Христијан Мицкоски.
„Со ваквото однесување Наќе Чулев потсети на неговите претходници Гордана Јанкуловска и Митко Чавков, кога се злоупотребуваше полицијата, се напаѓаа новинари, кога некои групи граѓани не беа казнувани за тоа што ги кршат законите а се тоа на штета на граѓаните“, велат од партијата на Зоран Заев.