На вчерашниот масовен протест десетици илјади граѓани упатија силна порака до криминалната власт на Никола Груевски дека трпението е при крај, а револтот кај граѓаните секојдневно се интензивира, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Илија Димовски.
-По дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ на собирот што го организирше ГДОМ, вечерта, на масовниот граѓански протест, Никола Груевски виде што значи кога народот врие. Македонија застана против криминалната власт на Никола Груевски и ги поддржа барањата на граѓаните и на опозицијата: Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Законот за СЈО, да прекине прогонот на демонстрантите, одговороност за криминалците на власт и владеење на правото, влада што ќе создаде услови и ќе спроведе слободни, фер, демократски и веродостојни избори, велат од СДСМ.
Од опозициската партија додаваат дека Македонија нема да дозволи криминалната власт да ја држи во заложништво нејзината иднина и дека тоа е причината за паничната реакција на уплашениот врв во ВМРО-ДПМНЕ.