СДСМ: Пензиите ќе се покачуваат согласно покачувањето на животните трошоци

by fokus

Секој пензионер, согласно Законот за пензии, секој месец ќе добива по дополнителни 180 денари, односно секој пензионер ќе добие вкупно 2160 денари за цела 2017година, реагираат од СДСМ по соопштението на ВМРО-ДПМНЕ каде стои дека поради линеарното зголемување на пензиите, пензионерите нема да го добијат заслуженото покачување.

„Владата предводена од СДСМ никогаш нема да работи спротивно од интересите награѓаните, ниту пак ќе манипулира со нив како што тоа го правеше и се уште го прави ВМРО-ДПМНЕ. Се остваруваат дадените ветувања и се спроведуваат зацртаните реформи што носат повисоки плати и пензии, нови работни места и унапредување на социјалната заштита“, велат од СДСМ.

 

Поврзани новости