ВМРО-ДПМНЕ партијата која 11 години ја злоупотребуваше полицијата и другите државни институции, продолжува да измислува случаи преку кои очајно се обидува да ја манипулира јавноста, реагираат од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за лошата храна за специјалците.
-Лажни се наводите на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата во Министерството за внатрешни работи.Несериозно е од кој било политички субјект да се обидува со неточни информации да нанесува штета на угледот на елитните полициски сили. За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, состојбата со исхраната на припадниците на посебните единици, денес е неспоредливо подобра и поквалитетна во секој поглед иво согласност со сите нутриционистички и останати параметри. Истовремено, отворен е процесна сеопфатно решавање на проблемот со неисплатените прекувремени работни часови со кое што ќе се надмине овој долгогодишен проблем без да се нанесе штета на буџетот на министерството или на штета на вработените во министерството, велат од СДСМ.
Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо друго освен лажни вести и измислени скандали во кои никој не верува.