СДСМ: Парламентарното малцинство ја киднапира иднината на Македонија

by fokus

Неприфатливо е ВМРО ДПМНЕ како парламентарно малцинство да ја блокира и киднапира иднината на Македонија, реагираат денеска од СДСМ на однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, кои три дена си реплицираат меѓусебе и го кочат изборот на собраниски спикер.

-Ниту едно блокирање на демократските процеси, ниту едно беспотребно меѓусебно реплицирање од страна на парламентарното малцинство нема да ги спречи промените и да ја киднапира иднината на државата за која гласаа мнозинството граѓани. Стечајните работници денеска ќе имаа решен статус и пристојни примања, доколку Груевски и неговите соработници на најдрзок начин не ја кочеа работата на Собранието. Останатите граѓани и денеска ќе користат скапа струја и ќе плаќаат радиодифузна такса бидеќи малцинството во парламентот исплашено од соочување со одговорноста, ја погазува мнозинската волја, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека околу 700 илјади граѓани избраа нова Влада, промени, правда, еднаквост и живот за сите и ниту еден очаен обид на Груевски и соработниците тоа не може да го спречи.

 

Поврзани новости