Советничката група на СДСМ и коалициските партнери остро сеспротивставува на предлогот за зголемување на трошоците за Панорамскотркало за цели 3,5 милиони евра, изјави денеска советникот и потпретседател на СДСМ Дамјан Манчевски.
– Во континуитет ја оспоруваме воопшто потребата од изградбата на 12 милионско панорамско тркало. Наместо Коце Трајановски да троши цели 15,5 милиони евра за ново тркало во реката Вардар, СДСМ и коалициските партнери предлагаат овие средства од програмата на ЈСП Скопје да се пренаменат за целосна обнова на постечкиот Луна Парк. Со денешниот предлог кој градоначалникот Трајновски го доставува до советниците, вредноста на проектот во Инвестиционата програма на ЈСП С копје се зголемува на 15,5 милиони евра. И внимавајте, градоначалникот Трајановски го предлага ова на иста седница на која се откажува од јавно – приватното партерство за обнова на запуштениот Луна Парк во Скопје – објасни Манчевски.