425
Палењето фотографии од политички лидери е напад врз демократијата, но тоа нема да ја спречи Македонија да чекори напред кон НАТО и ЕУ, реагира СДСМ на информацијата дека на протестот на иселениците во Австралија е запалена слика на премиерот и лидер на партијата, Зоран Заев.
„Палењето фотографии од политички лидери не е чин на напад врз личност, туку напад врз демократијата и демократските вредности, но граѓаните не дозволуваат омразата и гневот на поединци да и наштетат на државата и нејзините интереси – се наведува во партиското соопштение.