„За прв пат по седум години во изминатите 100 дена граѓаните се соочија со непријатна реалност – платите почнаа да паѓаат, просечната плата се намали за цели 1.000 денари.
Ова е резултат на неуспешната економска политика на актуелната власт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“ велат од СДСМ.
Од партијата со став „Власта не го исполни ниту ветувањето за минималната плата со што покажа дека не се грижи за работниците. Наставниците и просветните работници, кои заслужуваат поддршка и признание, добија покачување од само 0,7%, наместо 12% кои требаше да се случат по планот на СДСМ“.
„Ова покажува целосна деградација на работниците и нивното достоинство, што не е само неприфатливо, туку и штетно за целокупното општество. Додека платите паѓаат, стандардот на граѓаните се намалува. Владата на Мицкоски не успеа да обезбеди заштита на граѓаните од високите цени. Мерките се задоцнети и без ефект, а интересот на трговците се чини дека е поважен од интересот на самите граѓани. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не исполнија ништо од големите ветувања. Ова е најнеспособната влада досега“ соопштуваат од СДСМ.