СДСМ: Отворени 26.600 нови работни места

by Fokus

Со успешните економски политики на Владата невработеноста е намалена под 20 проценти. Во последниот квартал од минатата година забележан е пад на невработеноста на 19,4 отсто што е најниско ниво до сега. Во исто време податоците покажаа раст на економијата, БДП е зголемен за 3,7 отсто, се наведува во денешното соопштение на СДСМ.

„Сите клучни економски параметри покажуваат раст и позитивни тенденции. Расте бројот на странски инвестиции, отворени се 26.600 нови работни места, растат платите, се намалуваат трошоците, намалени се казните, сѐ повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Позитивните економски резултати се показател на посветеноста на Владата предводена од СДСМ да обезбеди поквалитетен живот и повисок животен стандард“- информираат од СДСМ.

Поврзани новости