„Освен хистерија, лажни вести и блокади, Христијан Мицкоски и ДПМНЕ немаат ништо, буквално ништо направено ниту за државата, ниту за македонскиот идентитет. Цела година ДПМНЕ заедно Левица ги лажеше и плашеше граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, за на крај истиот тој Мицкоски да прифати промена на Уставот“ соопштија од СДСМ.
Од партијата со став „Мицкоски и ДПМНЕ не можат да издејствуваат ништо позитивно, ниту за државата, за граѓаните, ниту за македонскиот народ“.
„Но и покрај тоа, Мицкоски сега има ретка шанса да направи нешто добро и корисно за државата и за сите граѓани. Откако прифати уставни измени Мицкоски треба да одреди тим за да продолжат разговорите и заедно да ја донесеме одлуката за продолжување на европскиот пат. Мицкоски има избор, дали ќе одбере да не прави ништо како и досега или сепак ќе направи дражвнички чекор“ велат од владејачката партија.