За Христијан Мицкоски членството на Македонија во НАТО било погрешна насока. За него единствена вистинска насока е изолацијата, враќање кон црното минато и сопствениот бизнис со хидроцентралите, велат од СДСМ.
Владејачката партија му порача на Мицкоски, наместо да тажи за Груевски, да се подготви за пораз на било кои избори.
„Осамен, заробен во сопствениот мрак, тажи во кабинетот на неговиот ментор Никола Груевски, во скапоцениот дворец, симбол за криминал, деструкции и црнила.
Македонија го доби своето место во НАТО а Мицкоски тажи по Груевски.
Очигледно тагата по Груевски направила Мицкоски да има изгубено чувство за реалност.
Откако 11 години ја уништија економијата заради криминалмни интереси, а државата ја турнаа во изолација, денес ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират дека Владата предводена од СДСМ ја стабилизира економијата и ја враќа државата на вистинскиот пат кон членство во НАТО и ЕУ.
Јасна е разликата помеѓу криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ.
Растот на просечната плата на 12.000 денари ја отвори спиралата на раст на платите, просечната плата во ноември 2018 е за 5,8 отсто повисока од истиот месец 2017 година. Растат инвестициите има значителен раст во извозот, индустриското производство и бројот на работници во индустријата. Невработеноста опаѓа и изнесува 20,8 отсто со интенција дополнително да се намалува.
Ова се само дел од параметрите што покажуваат дека економијата е стабилна, силна и развојна, а, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.
Потпишувањето на Протолот за пристапување во НАТО и напредокот во интеграцијата во ЕУ е доказ дека успехот на реформите, визионерството и решителноста на Владата се препознаени од целиот демократски свет.
Граѓаните, нашата држава која наскоро ќе биде Република Северна Македонија, нема да дозволат нов Иванов или Груевски да ги вратат назад во црнилата и изолацијата.
Наместо да тажи по неговиот ментор Груевски, Мицкоски нека се подготви за пораз на какви било избори“, велат од СДСМ.