„После 20 години, за првпат се спроведува една ваква обемна акција на Онкологија, се расчистува грозен криминален случај и тоа од надлежни институции и Влада предводена од СДСМ. Сите институции ја имаат нашата силна поддршка за целосно разрешување и откривање на сите одговорни, во целиот временски период, години наназад“, се вели во соопштението од владејачката СДСМ.
„Секој криминал има свое име и презиме и одговорност на сите инволвирани ќе има. Никој нема да биде заштитен и никој нема да биде поштеден“ велат оттаму.
„Повикуваме да не се прави сензационализам и напад на сите доктори и медицински сестри во државата, да не заборавиме дека најголем дел од медицинските лица се извонредни, чесни и професионални кадри кои се грижат за здравјето на нашите граѓани. Политизација и злоупотреба на случајот е недозволива, треба институциите да се поддржат што поскоро да ги изнесат одговорните пред лицето на правдата. СДСМ нема да дозволи кој било да се богати на сметка на здравјето на луѓето, ниту пак политички да се злоупотребува случајот од криминални партии како ДПМНЕ“, е партискиот став.