Кога пандемијата со коронавирусот е во полн налет, бројот на инфицирани расте, болничките капацитети се полнат, а здравствените работници се преморени, важно е сите да ги почитуваме мерките за заштита на сопственото и на јавното здравје, апелираат од владејачката СДСМ.
-Само со почитување на мерките, носење маска во затворени простори каде што може да се соберат повеќе лица во исто време и на отворен простор, држење дистанца, миење и дезинфекција на рацете и избегнување на групирање може да очекуваме намалување на бројките. Од почетокот на пандемијата со коронавирусот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неконструктивно и ги кочат, опструираат и критикуваат сите напори за справување со коронакризата, а сега организираат масовни собири, на кои се кршат мерките за заштита и го доведуваат во опасност јавното здравје, обвинуваат од партијата.