Сега потребни се избори заради здравјето на граѓаните, новата економија и демократски, целосно функционални институции со полн легитимитет, смета владејачката СДСМ.
Од партијата преку соопштение порачуваат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се плаши од граѓаните.
-Очигледен е стравот кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои бегаат од избори затоа што се плашат од соочување со граѓаните.
Сакаат неизвесност, нефункционални институции, криза и закани по граѓаните.
СДСМ нема да дозволи пропаднатиот спортист и политичар Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ги попречат демократските процеси и вештачки да создадат криза, се вели во соопштението од партијата.
Опозициската ВМРО ДПМНЕ пак обвинува дека СДСМ турка избори на штета на граѓаните.
– На криминалната власт и неспособниот Заев не им е грижа за здравјето на граѓаните.
Единствено за што водат грижа се сопствениот интерес и личното богатење, обвинуваат од опозицијата.