СДСМ ги осудува повиците на лидерот на Левица, Димитар Апасиев и бара обвинителството да реагира на, како што велат, фашистичките наративи и концепти на нејзиниот лидер.
-СДСМ ги осудува ваквите маргинални политики кои се блиски на фашистичките наративи и концепти. Денес, Северна Македонија е слободна земја во која владеат закони и никој не смее им се заканува на граѓаните и да помине неказнет. Правда доаѓа за сите. Надлежните институции, обвинителството, да преземат мерки, да постапат и да ги санкционираат ваквите срамни изблици на насилен политички израз. СДСМ и новата Влада силно ќе се спротивстават на каков било обид да се наштети на освоената слобода, граѓаните да бидат спокојни. Смрт на фашизмот, слобода на народот!, се вели во реакцијата на СДСМ.