„Списокот на производи со „гарантирана цена“ се проширува со безалкохолните пијалаци, соковите, газираната и негазираната вода и пивото. Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените, кои се применувале на 19 септември 2023 година, а во трговијата на големо, се намалуваат за 10%“ соопштија од владејачката СДСМ.
Оттаму посочуваат дека „цената на овошјето и зеленчукот се намалува за околу 30 отсто, со мерката за утврдување на највисока маржа за трговците на големо од 10 отсто и за трговците на мало на 15 отсто“.
„Следува намалување на увозните давачки за свеж зеленчук, ориз, портокали, лимони, мандарини, како и намалување на царинските стапки на млечните производи со масленост над 10%. Веќе се намалени цените на стотици основни прехранбени производи и тоа за 10 отсто од цената по која се продавале на 1 август годинава“ се вели во партиското соопштение.