Уште во првите денови Владата предводена од СДСМ покажа дека земјоделците се приоритет и им ги исплати субвенциите што доцнеа, со што почна да ги поправа штетите што ВМРО-ДПМНЕ им ги направи на земјоделците во изминатите 11 години, велат денеска од СДСМ.
-Субвенциите повеќе нема да се делат по партиска линија, нема да има богатење на лажни земјоделци, ниту пак ќе има закани и уцени кон вистинските земјоделци како што тоа 11 години го правеше ВМРО-ДПМНЕ. Новата Влада предводена од СДСМ ќе работи на зголемување на животниот стандард на земјоделците како и на сите останати граѓани, а тоа ќе значи дека трудот што го вложуваат земјоделците ќе биде ценет и вреднуван, а ќе има и дополнителни државни бенефиции кои ќе значат подобрување на статусот и условите за работа на земјоделците, се вели во соопштението на СДСМ.