Сите анкети од релевантни институции спроведени во изминатите неколку месеци покажуваат дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја ужива најголемата доверба кај граѓаните. Тоа е затоа што СДСМ зад себе има резултати, има одговорни државнички политики и реализирани над 7.000 проекти на локално ниво, велат од СДСМ по анкетата Стратум.
-Со тоа се потврдува дека СДСМ и „Најдоброто“ се фаворити и убедливи победници на претстојните локални избори. Граѓаните прават разлика помеѓу одговорниот, државнички однос на СДСМ и деструктивноста и безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа анкета, како и останатите анкети на релевантните Брима, ИРИ и други релевантни агенции и институти потврдува дека граѓаните не сакаат ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски да ги враќа назад во темното минато и даваат поддршка на концептот на СДСМ кој води напред. Бадијала се сите оправдувања и барањето алиби на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, ништо не ги спасува од седми изборен пораз, се вели во реакцијата на СДСМ.