607
„Никола Груевски е исплашен од одговорноста што му следува и правдата што доаѓа. По заминувањето на неговиот послушник и заштитник, поранешниот јавен обвинител Марко Зврлевски, паниката и очајот во настапите на Груевски се повеќе од очигледни, реагираат од владејачката СДСМ.
– Со промените и реформите што се случуваат, судството и обвинителството целосно ќе се ослободат од притисоците и партиските стеги што ги поставија Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за да избегнат одговорност за злоупотребите,за целокупното криминално владеење и за штетите што им ги направија на граѓаните изминативе 11 години – се наведува во партиското соопштение.