ВМРО-ДПМНЕ ја загади Македонија и со своите криминални, расипнички и неодговорни политики директно придонесе Скопје да стане еден од најзагадените градови во Европа, соопштија од СДСМ, реагирајќи на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека владата не го решава проблемот со аегозагадувањето.
„Во Македонија никогаш немало посилна здружена акција за чист воздух. Сите институции на централно и локално ниво со силен порив го обвновуваат уништеното зеленило, ги решаваат сите извори на загадување. Во тек е есенска акција за засадување на Град Скопје, кадешто ќе бидат засадени околу 3.500 висококвалитетни садници низ сите скопски општини. АД ЕЛЕМ почна акција за пошумување на просторот околу РЕК Битола, каде на просторот помеѓу селата Новаци, Брод и Гнеотино ќе бидат засадени 50 илјади багремови дрва, со цел да создаде заштитен зелен појас за населените места, да се обезбеди што е можно повеќе услови за намалување на загадувањето и природни услови за прочистување на воздухот“, истакнуваат од СДСМ.
Од таму додаваат дека низ цела Македонија континуирано се чистат диви депонии, се расчистуваат коритата на реките и каналите од комунален отпад и ѓубре, а истовремено е засилен е инспекцискиот надзор и контрола против загадувачите.
„Во рамки на Планот за чист воздух, на 800 семејства во Скопје, 150 во Битола, 150 во Тетово, ќе им се доделат инвертори, за да ги заменат старите нееколошки печки на дрва и да се греат еколошки. 1.700 висококвалитетни садници ќе бидат засадени во дворовите на градинките, а во голем број училишта се поставуваат прочистувачи за воздух, Ивој проблем е сложен и долготраен и сите надлежни инсититуции секојдневно преземаат мерки за намалување на загадувањето, со цел за две години загадувањето да биде намалено за 50 отсто во Скопје, а за 30 до 50 отсто во цела Македонија“, истакнаа од владејачката партија.