СДСМ: Неспособноста на ДПМНЕ го остави пола Скопје без парно

by Fokus

На првите минусни температури, неспособното ДПМНЕ и раководството на ЕСМ за снабдување со топлинска енергија го оставија половина Скопје без парно. Центар, Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Капиштец, но и други населени места се без греење. Парно греење нема ниту во дел од училиштата и градинките, родителите во повеќе општини добиле повик да дојдат да си ги земат децата, бидејќи немаат парно греење. Скопјани, децата, пензионерите мрзнат поради неспособноста на ДПМНЕ, соопштуваат од СДСМ.

„Децата и изнемоштените луѓе, во 21 век се оставени на милост и немилост на неспособните директорчиња од ДПМНЕ и министерката за енергетика, блиска до Мицкоски. Во исто време неспособноста на ДПМНЕ го загрозува и снабдувањето со струја на цела Македонија. Двата системи се проектирани да функционираат на начин што ќе ја поделат обврската во затоплување – дел со парно а доминатен дел со струја. Сега кога граѓаните се оставени со саати без парно се принудени да бараат алтернатива, да вклучуваат греење на струја, да се загреат на овие минусни температури. Аматерски од владата е што дозволи ова да се случи и што не го санира дефектот брзо, со што го загрозува снабдувањето и со струја и со парно. Целосна одговорност за хаосот во енергетскиот сектор е кај министерката за енергетика, Сања Божиновска која нема капацитет да менаџира со овој важен сегмент. Ги повикуваме веднаш да формираат кризен штаб, брзо да се реагира и веднаш граѓаните да добијат греење. Во време на голема светска енергетска криза СДСМ не дозволи да има прекини, граѓаните имаа непречено и струја и парно греење!“, се нагласува во соопштението од СДСМ.

Поврзани новости