Состојбата со пожарите во државата е алармантна и не е под контрола. Се потврдува неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со пожарите, обвини СДСМ.
„Премиерот Христијан Мицкоски најавуваше дека за еден ден или два ситуацијата со пожарите ќе биде целосно ставена под контрола. Поминаа денови а пожарите наместо под целосна контрола како што најавуваше Мицкоски се проширија.
Фактите говорат дека Владата на Мицкоски задоцни во првичната реакција, дозволија да изгорат 1.000 хектари и целосно потфрли во справување со пожарите, за што одговорност мора да има.
Наместо фрлање лопати, давање изјави со празен ПР, за справување со пожарите е потребна навремена реакција, брза интервенција на терен, добра координација, работа и посветеност“ велат од опозициската партија.
Оттаму додаваат дела изминатите години успешно ги менаџирале пожарите секое лето без да се загрози ниту една куќа.
„Во 2022 година Одделот на МВР беше опремен со 3 хеликоптери оспособени за гасење пожари, набени беа ведро и симплекс резервоар. Во континуитет се одржуваше нивното високо техничко ниво, навремено беа ремонтирани и модренизирани.
За катастрофланото справување со пожарите мора да има одговорност“ порачаа од СДСМ.