Со поднесената интерпелација против министерот за финансии Драган Тевдовски, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на штета на граѓаните и потврдува дека е против транспарентно и отчетно раководење со јавните финансии и буџет во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните и зајакнување на економијата, наведува СДСМ во реакција на изјавата на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска.
„Со неоснованата интерпелација ВМРО-ДПМНЕ е против минимална плата од 12.000 денари за сите работници вклучително и работниците во кожарската и текстилната индустрија. Со гласањето против ребалансот на Буџетот подготвен од министерот и Министерството за финансии ВМРО-ДПМНЕ докажа, а со денешната интерпелација и потврди дека е против трајното решавање на статусот на стечајните работници, против укинувањето на радиодифузната такса, против субвенциониран годишен одмор на најнископлатените работници и против поголема помош за претпријатијата – мерки што се обезбедуваат со ребалансот на буџетот – се наведува во партиското соопштение.