СДСМ: Нема веќе ВМРО-МВРО

by Фокус

-За Никола Груевски е неразбирливо да се работи по закон и Устав за да се спречат злоупотреби во државна институција. На Никола Груевски му смета тоа што Министерството за внатрешни работи им служи на сите граѓани на Македонија, а не само на неговата ВМРО-ДПМНЕ како во изминатите 10 години. Граѓаните знаат како функционираше ВМРО-МВРО. Доста беше. Нема повеќе ВМРО-МВРО, се вели во денешното соопштение од СДСМ.

Од опозициската партија велат дека од проектот „Вистината за Македонија“ граѓаните слушнале какви злоупотреби се правеле токму под Министерството за внатрешни работи, почнувајќи од незаконското прислушување на над 20.000 граѓани.

-Хаос има само во главата на Никола Груевски. МВР работи во интерес и во служба на сите граѓани на Република Македонија, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости