Уште еднаш се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски шират лаги и невистини во обид да ги манипулираат граѓаните и да ја прикријат својата неспособност и криминалите, велат од СДСМ.
„Нема судир на интереси во врска со номинирањето на актуелната министерка за правда Рената Дескоска за претставник во Венециската комисија заклучи Државната агенција за спречување корупција, разгледувајќи ја претставката на ВМРО-ДПМНЕ.
Со номинацијата на Дескоска, која ВМРО-ДПМНЕ ја оцени како скандалозна, не се прекршени закони и меѓународни прописи во врска со судир на интереси, потврди Државната комисија за спречување на корупцијата.
Нема ништо спорно ниту во постапката за номинација од страна на владата, бидејќи владата за прв пат номинирала претставник во Венецијанската комисија во 2016 година, кога ВМРО-ДПМНЕ ја избра Тања Каракамишева Јовановска.
Со ова ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш покажаа дека не се за почитување на законите, владеење на правото и правната држава, туку ги толкуваат законите како што им одговара, ги манипулираат граѓаните за да си го вратат режимот и да управуваат со сваровски судството.
Граѓаните ја гледаат дволичноста на ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“, додаваат од владејачката партија.