Нема дно што ВМРО-ДПМНЕ нема да го пробие во неговите деструкции со кои сака да му наштети на здравствениот систем и да го нарушат јавното здравје, велат од владејачката СДСМ.
„Денешните обиди да му наштетат на процесот за набавка на вакцини преку објавување на лажни документи со лажни цени, се последниот доказ за деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски.
На ВМРО-ДПМНЕ прво им пречеше што наводно државата била спора со набавка на вакццините, а сега, во последните денови им пречи дека премногу сме брзале за да стигнат вакцини .
Нека одлучат во белиот дворец што им пречи, затоа што само блокираат и саботираат.
Криминални тендери, фантом фирми и шемите од Белизе се заштитниот знак на ВМРО-ДПМНЕ, партија која и денес е заглавена во криминално-режимската матрица и затоа постојано губи од граѓаните“, додаваат од партијата.