0
Од СДСМ денеска на првата седница на новиот состав на Извршниот одбор донесоа одлука да не ги поддржат интерпелациите поднесени од страна на ДУИ.
„Во однос на поднесените интерпелации од политичката партија ДУИ, Извршниот одбор заклучи дека нема да ги поддржи и гласа за овие интерпелации. Тие не претставуваат решение за кризата во овој момент и може да значат нови поделби по етничка основа.
Потребен беше поинаков пристап, да се седне на лидерска средба и да се упатат заеднички пораки за смирување на тензиите затоа што тој пристап е базиран на политичка зрелост, но власта тоа го одби“, велат од СДСМ.