„Навистина е голема среќа што заврна дожд и што ќе ги изгасне пожарите. Инаку моменталната ситуација е катастрофална. Два од трите ер-трактори не се исправни а во исто време и два полициски хеликоптери кои се опремени за гаснење на пожари се во дефект“ велат од СДСМ.
Од партијата остро ја осудуваат оваа катастрофална ситуација која, според нив, „е резултат на негрижата и неспособност на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.
„Повторно ли е СДСМ крив што не ги сервисирале ер-тракторите и хеликоптерите на време? Ова не е случаен пропуст, туку јасен показател за односот кон кризата со пожарите на ВМРО-ДПМНЕ. Изгореа преку 8% од територијата на државата а ВМРО-ДПМНЕ се фокусира на лаги, манипулации и политикантство наместо сериозно да се бори со кризата и да работи“ соопштија од попозициската партија.