296
Граѓаните на Лисиче наместо зеленило добиваат бетонизација, наместо мега паркови – висококатници, реагираат денеска од СДСМ.
-Со новиот детален урбанистички план на општина Аеродром, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тимчо Муцунски во Лисиче планираат изградба на десетина згради високи и до 10 ката. Со него, ниви купени од инвеститори пред носењето на планот, стануваат градежни парцели и тоа во делот на градот, каде аерозагадувањето континуирано урива рекорди. Деталниот урбанистички план, кој се носи речиси зад грбот на граѓаните, отвора сомневања за корупција за тоа како инвеститорите знаеле кои парцели ќе добијат маркици за висококатници, како знаеле дека општината ќе одобри градежен бум, велат од СДСМ.