Дрскоста на власта на ВМРО-ДПМНЕ оди дотаму што на најубавиот дел од Охридското Езеро лажно им ветува на граѓаните дека ќе биде изградено пристаниште за 20-тина пловни објекти. Таканаречената „марина“ или „мало пристаниште“ всушност ќе биде приватен ресторан на лица блиски од власта, обвини денеска координаторот на советничката група на СДСМ од Охрид, Јован Стојаноски.
– Со ваков проект ќе биде нарушен еколошкиот систем на Охридското езеро. Дополнително, граѓаните на Охрид нема да добијат соодветен економски ефект ниту да имаат побогат општински буџет. Очигледно од ова корист ќе имаат само поединци блиски до власта. Затоа ли нема мислење од експертите за заштита на еколошката компонента од изградбата на ваков објект? Затоа ли мислењето на граѓаните е исклучено целосно? Јавноста и граѓаните, мора да бидат вклучени во една поширока јавна расправа за тоа како треба да изгледа пристаништето, рече Стојановски.
Тој рече дека несомнен заклучок е дека власта во заминување не се грижи за Охрид туку само за својот бизнис интерес.
– Додека ВМРО-ДПМНЕ купува скапи партиски седишта, државниот имот којшто им припаѓа на сите граѓани буквално го распродава на свои блиски поддржувачи кои потоа стануваат финансиери на партијата, истакна советникот Стојановски.