Наместо да се крие зад соопштенија Иванов треба пред граѓаните да одговори за што ги троши нивните пари, пишува владејачката СДСМ по реакцијата од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.
„Зошто Иванов има потреба нешто да прикрива од оние што го плаќаат, од граѓаните Граѓаните заслужуваат да имаат увид во трошењето на нивните пари од страна на избрани и именувани функционери“, велат од СДСМ.
Од владејачката партија додаваат дека за неодговорното однесување на Иванов, граѓаните ќе ценат сами.
„Одбивањето на Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење преку која граѓаните во секој момент ги имаат на увид информациите и податоците за трошењето на нивните пари е уште еден доказ дека Иванов не ги почитува граѓаните. Јасно е, целокупното делување на Ѓорге Иванов е во спротивност на интересите на граѓаните и државата“, пишува во реакцијата на СДСМ.