739
Ги реализираме заложбите дадени пред граѓаните за намалување на трошоците и овозможуваме правдата да биде подостапна за граѓаните. Владата предводена од СДСМ предложи измена на Законот за судските такси со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за осум пати, односно од 48.000 на 6.000 денари, се вели во денешното соопштение на СДСМ.
-Со ова им се олеснува патот до правдата на граѓаните кои се двоумеа да покренат судски постапки поради високите судски трошоци. Правда во државата има и ќе има, а секој што се огрешил пред законот ќе се соочи со лицето на правдата. Како одговорна партија, СДСМ останува посветена на интересите на граѓаните, се вели во партиското соопштение.