СДСМ: Најискрениот отчет на Груевски ќе биде пред Специјалното обвинителство

by Фокус

Граѓаните очекуваат Специјалното јавно обвинителство да ги разоткрие скандалите во коишто се вмешани највисоки функционери од власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе биде најискрениот отчет од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ досега, порачуваат од СДСМ.

-Како МВРО под негова команда и на соработничката Јанкулоска издавало и печатело незаконски лични карти, со што незаконски овозможиле лица кои немале право на глас, да гласаат?! Како лица кои немале лична карта, ги има во Избирачкиот список?! Како им биле издавани лични карти на лица кои немале документ каде живеат, односно немале решение за живеалиште?! И не се само фалсификат личните карти и изборните криминални за коишто Груевски и соработниците ги чека отчет, се вели во соопштението на СДСМ.

Од опозициската партија велат дека Никола Груевски ќе морал да продолжи со објаснување на неговата Фабрика за криминал, од милионските парцели на Водно и становите на коишто е распослан, преку провизиските шеми што ги правел со братучедот Мијалков и задолжувањата што ги правел со кумот Ставрески, до дил ориентед бизнисите со Пешевски, па мерцедесите од 600.000 евра, плановите за семејства во ендек, рушењата милионски инвестиции, нарачките за пиштоли во усти…

Поврзани новости