СДСМ најавува проширување на мнозинството

by Фокус

Јован Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ, попладнево изјави дека единствен виновник за случувањата во парламентот, каде цел ден не може да започне седницата за недоверба, е Христијан Мицкоски.

-Сето она што се случи е резултат на тоа што Христијан Мицкоски јавно кажа дека има 61 пратеник, да не бара алиби, затоа што седна со тие што се анти-НАТО, анти-европски, партии кои се против концептот за едно општество за сите. Народот е излажан од Христијан Мицкоски, тој ги пумпаше невистините дека има мнозинство. Нема ново мнозинство во Собранието – рече Митрески.

Тој додаде дека актуелното мнозинство ќе расте, но не откри со кои пратеници ќе се зголемува, велејќи дека во текот на утрешниот ден тие пратеници тоа лично ќе го соопштат.

Поврзани новости