СДСМ најавува постабилна Влада и мнозинство кое ќе изгласа неработна недела и повисоки плати

by Fokus

Недела неработен ден, повисока минимална плата, се реализираат со парламентарно демократско мнозинство и стабилна Влада предводени од СДСМ и тоа ќе се случи во следниот период, објавија денеска од СДСМ, додека се чека да почнат разговорите за „модифицирање“ на распоредот на сили во Собранието, откако не успеа иницијативата на опозицијата за изгласување недоверба на Владата.

СДСМ и парламентарното мнозинство ќе обезбедат недела неработен ден, повисоки плати за работниците, и како и досега ќе продолжат да работат во интерес на сите граѓани. Измените во Законот за работни односи, со кои се предвидува 92 проценти од вработените во недела да одмараат, а осум проценти од работниците за работа во недела да добиваат додаток до 100 отсто, ќе бидат донесени.Работниците и синдикатите се во право кога бараат донесување овие закони, кои опозицијата во парламентот упорно ги блокира. Блокадите и опструкциите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат поразени, се наведува во соопштение на СДСМ.

Поврзани новости