СДСМ најави ревизија на набавките за палми, тешки половина милион евра

by fokus

Ревизија и одговорност за набавките на скапите палми од 500.000 евра што завршија во депонија најавија денеска социјалдемократите.

„Исушените палми од 500.000 евра што се најдоа на депонија, се класичен доказ дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во сè, па и во палмите, гледаат тендери за лично збогатување, и тоа во услови кога ја предизвикаа најголемата сиромаштија кај повеќе од 500.000 граѓани во Македонија“, реагира СДСМ.

Партијата потсетува дека и покрај противењето на целата јавност на идејата да се садат палми, кои сега овенати завршија на депонија, „за Груевски и за градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, најважно беше како да се дограбат до пари од граѓаните“.

Како што објавивме претходно, 138 палми кои беа засадени во Скопје, ќе завршат на депонија, измрзнале на студот зимава, а на нивно место ќе бидат засадени јавори.

Поврзани новости