Над 16.000 матуранти се во неизвесност заради политичката агенда на раководството на СОНК. Од нив околу 10 отсто или околу 1.600 не го поминале првиот дел од државната матура и не можат да полагаат испити во јуни, реагираат од СДСМ.
-Загрозени се и уписите на оние матуранти кои своето школување планираат да го продолжат во странство и сето тоа само заради уценувачкиот однос на раководството на СОНК, велат од партијата.
Оттаму додаваат дека раководството на СОНК одбило ново предложено зголемување на платите во образованието и детската заштита за 12 отсто и тоа во време на светска економска и енергетска криза.
-СДСМ во образованието во изминатите 3 години во три наврати ги зголеми платите на наставниците за над 21 отсто, додека ВМРО-ДПМНЕ за 11 години ги покачи за само 4 отсто.
Уцените и политичкото делување на раководството на СОНК се на штета на учениците и наставниот процес, велат од СДСМ.
Од таму додаваат дека учениците мора да се вратат на наставата која толку им е потребна.
-Правото на образование на децата е уставно загарантирано и не смее да се дозволи заради политичка агенда да им се загрозува, истакнуваат од партијата.