СДСМ на утрешниот конгрес ќе ги соопшти кандидатските листи

by fokus

СДСМ утре на конгрес, кој ќе почне во 14 часот во хотелот „Алексадар палас“ во Скопје ќе ги соопшти кандидатските листи за пратеници во шестте изборни единици во Македонија и во една од дијаспората. Имињата се уште се тајна, но според одредени информации, се очекува на листите на опозициската коалиција да се најдат и познати имиња од општествениот живот кои не биле досега вклучени активно во политиката.

Не е исклучено на листите да има и независни кандидати во сите шест изборни единици.

Деновиве се споменуваше дека можните носители на листите се Стево Пендаровски, Никола Димитров, Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Оливер СУТпасовски.

 

Поврзани новости