Христијан Мицкоски потврди дека го интересира само власт по секоја цена, без да има никаква политичка идеја, вредности и платформа, реагираат од СДСМ во однос на пресот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој денеска најави дека ќе се обиде да формира политичка влада, откако вчера објави дека има мнозинство со ААА, Левица и Беса.
„Денеска народот слушна од Мицкоски дека целта му била да руши Влада со политичка партија која е дел од актуелната влада – БЕСА, дека земјата ќе ја носел напред ама со анти-НАТО и анти-американски коалиционен партнер – Левица. На следниот состанок на масата на новата коалиција останува да ги стави фотографиите од Орце Камчев, Никола Груевски и Сашо Мијалков и да изјави дека заедно ќе го расчистуваат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од СДСМ.
Од партијата на Зоран Заев поворно ги повикаа на соработка, како што велат, сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина, за правда и економскиот напредок.
„Не може тие што ги кочеа сите прогресивни процеси, интерграцијата во НАТО и ЕУ, порастот на платите да бидат опција за иднината. Ќе видиме деновиве дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, дали Мицкоски има капацитет и одговорност“, порачаа од СДСМ.