До вчера Христијан Мицкоски се силеше дека има ново парламентарно мнозинство, а денеска го пушти Александар Николоски да се бламира со иницијативата за која не се знае дали има мнозинство или веќе му испари, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Николоски, кој најави дека поднесена е иницијатива за недоверба на владата, иако пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива порача дека не сака неговиот потпис да стои на ист список со Левица.
„СДСМ продолжува да разговара и да иницира соработка со сите прогресивни и демократски сили, со цел да ја обезбедиме стабилната иднина на нашата држава и целиот наш народ. Нема да дозволиме загрозување на постигнатото, на Договорот од Преспа, на Охридскиот рамковен договор, на Договорот за доброседство со Бугарија, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите“, стои во соопштението на партијата на Зоран Заев.