На претстојните локални избори Христијан Мицкоски го чека само голем, нов, седми пораз од граѓаните, во општините низ целата држава, реагира владејачката СДСМ откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска од Старата скопска чаршија симболично ја започна „трката“ за локалните избори.
-Секако, под услов ако претходно не избега и не ги бојкотира изборите, како што тоа го направи на предвремените локални избори за градоначалник на општина Штип. Лажни вести, деструкции и неодговорно антидржавно однесување, тоа е се што нуди ВМРО-ДПМНЕ предводено од докажаниот губитник Мицкоски. Бројните предмети, кривични пријави што се водат против дузина поранешни градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за „резултатите“ што зад себе ги имаат оставено. Граѓаните, нема да дозволат да се врати времето на режим на локално ниво, се вели во реакцијата на СДСМ.