СДСМ му возврати на ВМРО: Референдум против ЕУ нема да успее!

by Фокус

Пред да обвинува, ВМРО ДПМНЕ да ја научи процедурата, реагираат од СДСМ, откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта планира да ја отфрли нивната иницијатива за референдум.

„Иницијативата не е стигната пред пратениците и оттука ваквите обвинувања се паушални, односно тенденциозни со цел ВМРО ДПМНЕ гласно да не го каже она што го знае, дека референдумот против ЕУ нема да успее. Ова покажува дека всушност единствената цел на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е преку барањето за референдум да ја спасува својата фотелја и токму затоа секојдневно ја злоупотребува темата со паушални и неосновани обвинувања“, стои во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости