СДСМ: Мцкоски призна дека негови градоначалници правеле злоупотреби со уличното осветлување

by fokus

Со невешти оправдувања, Христијан Мицкоски денеска призна дека дел од општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ направиле злоупотреба, формирајќи јавни претпријатија преку кои електричната енергија за улично осветлување од ЕВН ја добиваат по цена за домаќинства, реагира СДСМ по прес-конференцијата на Мицкоски.

-Мицкоски треба да знае дека АД ЕСМ произведува електрична енергија за граѓаните и стопанството, а не за неговите градоначалници да прават малверзации со струјата на штета на граѓаните.

Преку одговорен пристап АД ЕСМ ја надминува енергетската криза, без притоа да има какви било рестрикции или драстично зголемување на цената како што беше случај со некои држави во регионот и Европа.

Наместо да ги правда, ВМРО-ДПМНЕ да ги каже општините каде неговите градоначалници преку злоупотреби го прекршиле законот и на тој начин предизвикуваат поголемо покачување на цената на електричната енергија.

Голема е нервозата на Мицкоски откако се откри дека негови градоначалници го изиграле законот за да обезбедат поевтино улично осветлување, но и откако се откри дека негови соработници и членови на ВМРО-ДПМНЕ преку малверзации со земјиште каде се проневерени 1,6 милиони евра, па затоа се заканува со тужби.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски останува партија на криминал, малверзации и дејствување на штета на граѓаните и државата“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости