Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014 кое граѓаните ги чинеше над 600 милиони евра, порачаа од СДСМ по прес-конференцијата на претседателот на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов, кој побара оставки и одговори за трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово.
„Николов да каже какво здравство ќе имавме за 600 милиони евра колку што е „Скопје 2014“. Треба да се засрами кога бара одговорност, морал и етика, треба да се засрами в очи да ги погледне неговите колеги лекари, здравствениот персонал кога зборува за градби треба да каже што се ќе се направеше за здравствениот систем за 600 милиони евра. 70 години една плочка не се смени во Клинички центар, 11 години ВМРО ДПМНЕ не помрдна со прст за здравствениот систем, за медицинскиот персонал, пациентите. Игор Николов наместо празни флоскули и лаги нека одржи една прес конференција што се ќе добиеше здравството и пациентите за 600 милиони евра. Наместо лажни вести и дезинформации Николов и ВМРО-ДПМНЕ да остават истрагата да ги даде сите одговори“, велат од СДСМ