СДСМ: Мицковски призна дека бара амнестија на криминалот

by Фокус

Тоа што Христијан Мицкоски денеска одби директно да одговори на новинарското прашање всушност самиот потврди и призна дека единствено нешто за што се залага и го бара ВМРО-ДПМНЕ е амнестија за криминалот, велат од СДСМ.

„Македонија му кажа збогум на криминалот и црното минато, сега чекори кон ЕУ и НАТО, а таму важат поинакви вредности и правила од оние за кои се залага ВМРО-ДПМНЕ. Сите политички чинители кои се за македонската иднина се одлучни и обединети, освен Мицкоски и тесното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат назад во темното минато на криминал, насилство и неказнивост. На Мицкоски веќе треба да му е јасно дека амнестија за криминалците нема да има, секој ќе одговара согласно законите“, соопштија од владејачката партија.

Поврзани новости