426
„Христијан Мицковски покажува дека нема капацитет да ја надмине матрицата на делување и функционирање на Никола Груевски, реагираа од владејачката СДСМ.
„Споменикот дивоградба беше поставен незаконски, без почитување на процедурите и неговото отстранување става крај на насилното, своеволно поставување споменици кои служеа за остварување на криминални интереси, предизвикувајќи поделби меѓу граѓаните. Затоа овој споменик дивоградба е симбол на насилното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години. Паметник на погрешното, криминалното, спротивното на интересите на граѓаните – се наведува во партиското соопштение.