СДСМ: Мицкоски тврдеше и дека струјата драматично ќе поскапи и ќе има рестрикции

by fokus

Христијан Мицкоски, како политичар без став стана заложник на популистичката и потпалувачка реторика на Димитар Апасиев, велат во утринското соопштение од СДСМ.

-Ова заложништво на политичката сцена создава феномен – се што ќе каже Мицкоски излегува обратно. И тезите на Мицкоски за енергетската криза излегоа погрешни. Тврдеше Мицкоски дека нема да има доволно струја дека ќе има рестрикции, дека електричната енергија драматично ќе поскапи.
А излезе обратно, домашното производство на електрична енергија бележи рекорди и среде зима има извоз на електрична енергија. Цената на струјата за 72.000 компании е намалена за околу 20 отсто, а домаќинствата немаат зголемени сметки за електрична енергија, велат од СДСМ.

Тие додаваат дека Мицкоски во јануари тврдеше дека во февруари годинава Собранието ќе се распушти и ќе следуваат предвремени парламентарни избори во месец мај, а истекот на февруари нема распуштање на Собранието, ниту предвремени избори, туку има зголемено парламенарно мнозинство на СДСМ и коалицијата.

Поврзани новости