„ВМРО-ДПМНЕ потврди дека Мицкоски троши илјадници евра месечно за лајкови на Фејсбук. Додека граѓаните едвај преживуваат во услови на енормни поскапувања, додека нема пари за поголеми плати и додека нема лекови, Мицкоски троши илјадници евра на Фејсбук за лајкови“ обвинуваат од СДСМ.
Опозиционерите соопштуваат дека „Само една од неговите реклами чини 600 евра – сума поголема од минималната плата што самиот им ја „препорачува“ на граѓаните како доволна за цел месец“.
„Трошоците во изминатиот период покажуваат дека Мицкоски потрошил над 60.000 евра за рекламирање на Фејсбук. Овој расипнички однос е доказ за огромното лицемерие и аздисаност на оваа власт. На Мицкоски приоритет му се лајкови на неговите слики и видеа на Фејсбук, додека народот се бори како да го истурка месецот“ велат од СДСМ.